ГИ ЗАЈАКНУВАМЕ КАПАЦИТЕТИТЕ НА СТУДЕНТИТЕ – ИДНИ ПРАВНИЦИ

ГИ ЗАЈАКНУВАМЕ КАПАЦИТЕТИТЕ НА СТУДЕНТИТЕ – ИДНИ ПРАВНИЦИ

Март 15, 2024

Преку Центaрот за клиничка едукација по трудово право при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет Јустинијан Први, на покана на Проф. Д-р Лазар Јовевски беше организирана кружна маса насловена „Практикување на социјалниот дијалог во Македонија – состојби и предизвици“. На тркалезната маса на која учествуваше Претседателката Владанка Трајкоска, студентите имаа можност директно од социјалните партнери да слушнат каква е состојбата со социјалниот дијалог во Македонија, кои се предизвиците во социјалниот дијалог, размислувања за нивно надминување со цел унапредување на социјалниот дијалог и како може да се подобри состојбата.