Форум на Европскиот економски и социјален комитет за Западен Балкан

Форум на Европскиот економски и социјален комитет за Западен Балкан

Форум на Европскиот економски и социјален комитет за Западен Балкан
мај 15, 2025
📢 Претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Ангел Димитров, учествуваше на Форумот за Европскиот столб на социјални права во Западен Балкан, што се одржа од 12 до 14 мај во Црна Гора.
Форумот започна со свечен прием организиран од Регионалниот совет за соработка, а следуваа две интензивни работни дена исполнети со сесии за:
✅ Улогата на организираното граѓанско општество во преговорите за пристапување во ЕУ,
✅ Спроведувањето на планот за раст и економска конвергенција на Западен Балкан со ЕУ,
✅ Развој на Единствен регионален пазар, трговија, чиста индустрија и дигитална трансформација,
✅ Зајакнување на социјалната правда, заштитата, инклузијата и еднаквоста,
✅ Унапредување на вештини и создавање подобри работни места.
🔚 Форумот заврши со усвојување на заедничка декларација за натамошна посветеност на Европскиот столб на социјални права во регионот.
👥 Присуството на ОРМ на овој настан е уште едно потврдување на важната улога на работодавачите во градењето инклузивни и одржливи политики во процесот на европска интеграција.
Настанот може да го видите на следниов линк: