Euromed Summit 2026, Лисабон, Португалија

Euromed Summit 2026, Лисабон, Португалија

Euromed Summit 2026, Лисабон, Португалија
октомври 29, 2026
На покана на EESC – European Economic and Social Committee (Европски економски и социјален комитет), Ненад Шундовски учествуваше како претставник на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) на Euromed Summit 2026, кој се одржа во Лисабон, Португалија.
На самитот, претставници на Европската комисија, земјите членки на Европската Унија, Западен Балкан и партнерите од Јужен Медитеран дискутираат за значајни теми поврзани со младите и претприемништвото, зелената и дигиталната транзиција, економската соработка, културното наследство, одржливиот туризам и создавањето квалитетни работни места.
Учеството на овој меѓународен настан претставува можност за размена на искуства, воспоставување нови контакти и партнерства, како и унапредување на социјалниот дијалог и конкурентноста на малите и средните претпријатија во Македонија.
ОРМ продолжува активно да ги застапува интересите на работодавачите и да придонесува кон зајакнување на соработката со европските и меѓународните партнери, во насока на одржлив економски развој и создавање квалитетни работни места.