Дополнување: Важни известувања за 25-ти март 2020 година

Дополнување: Важни известувања за 25-ти март 2020 година

Дополнување: Важни известувања за 25-ти март 2020 година
декември 28, 2021

Почитувани,

 

Во содржината и во прилог на оваа објава можете да најдете дополнување на денешните известувања, поврзани со вирусот КОВИД-19:

– Поради одредени нејаснотии и поставени прашања од страна на работодавачите, дозволете појаснување за дозволите за работници кои работат во втора, трета и четврта смена. Дозволите се потребни само доколку работникот се движи за време на ограничувањето на движењето, односно помеѓу 21 и 05 часот. Дозволите треба да бидат во посед на вработените, при евентуално легитимирање од страна на полицијата. Дозволите не треба да се испраќаат во ниту една институција. Трудовиот инспекторат бараше број на издадени дозволи само заради анализа на ситуацијата.

– Првиот и вториот прилог се однесуваат на информации и можностите за кредити кои ги нуди Развојната банка на Република С. Македонија.

– Во третиот прилог можете да ги најдете новите препораки за компаниите за справување со КОВИД-19 вирусот, донесени на последната седница на Владата.

 

 

Со почит,

Извршна канцеларија на ОРМ