
декември 28, 2021
Почитувани,
Поради настанатиот проблем со застој на извршувањето на санитарни прегледи на вработени од страна на Центарот за јавно здравје (кои се презафатени со спроведување на тестирања за вирусот КОВИД-19), Ве известуваме дека ОРМ достави допис до Комисијата за заразни болести, со цел што побрзо надминување на овој проблем.
Доколку имаме дополнителни информации поврзани со дописот, навремено ќе ве известиме.
Со почит,
Тимот на ОРМ