ДЕМАНТ Од претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија , Ангел Димитров

ДЕМАНТ Од претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија , Ангел Димитров

ДЕМАНТ Од претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија , Ангел Димитров
декември 28, 2021

ДЕМАНТ
Од претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија , Ангел Димитров

Вчера порталот Еxpres.mk известувајки од прес конференцијата на Здружението на текстилната и кожарската  индустрија при Стопанската комора на Македонија, излезе со наслов: „Текстилните газди ќе се иселеле ако расте минималната плата“.(https://expres.mk/tekstilnite-gazdi-kje-se-iselele-ako-raste-minimalnata-plata/)

При тоа во текстот правилно се цитира професорот Лазаров кој истакна дека:„Сопствениците на текстилните фабрики се повеќе размислуваат својот капитал да го преселат во други сектори бидејки во овој сектор недостасува квалификуван кадар, а нема ниту профит“.
Зошто авторот на текстот се определил за ваков сензационалистички наслов кој нема никаква врска со она што беше истакнато на пресот не можеме да знаеме, но сакаме да го истакнеме нашето разочарување од ваквата не професионална постапка која сака да им нанесе штета на угледот на сопствениците на текстилните фабрики, кои обезбедуваат егзистенција на 30.000 работници  и имаат голем удел во полнењето на фондовите во државата .