
Како резултат на успешната досегашна соработка на Организацијата на работодавачи на Македонија и нашата активна вклученост со голем број на предложени мерки кои беа прифатени и имплементирани со Центарот за стручно образование и обука – ЦСОО вчера во просториите на ЦСОО Претседателот Ангел Димитров ја прими БЛАГОДАРНИЦА за досегашната успешна соработка.
Со цел продолжување на нашата меѓусебна плодна соработка за поуспешно развивање на стручното образование и обука, а со тоа и за побрз економски и социјален развој на нашата земја се обнови и Меморандумот за соработка со ЦСОО потпишан во 2010.
Претседателот Димитров истакна дека соработката е од голема важност и претставува можност за споделување идеи, иницијативи, доставување предлози за унапредување на стручното образование и обука во Република Македонија, зголемување на конкурентноста и разрешување на одредени предизвици кои ќе овозможат поуспешно функционирање.Еден од основните предизвици на нашата земја кој ќе биде се поизразен од невработеноста, а за кој ќе треба сериозно да се завземеме сите е недоволно квалификуваната работна сила.
Работодавачите се тие кои креираат и отвараат нови работни места, а образованието едуцира кадри кои ке работат на тие работни места.
Во моментов постои голем расчекор помеѓу потребите на стопанството и понудата на работната сила. Учениците немаат скоро никакви практични вештини.Работодавачите се недоволно заинтересирани за практична обука на учениците-треба да се стимулираат и работодавачите и менторите.
Потребно е создавање на заедничка база на Центарот за стручно образование со менторите во претпријатијата.