Ангел Димитров, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, за „Утрински“ И компаниите што не мислеле да ги спојуваат празниците, поради лошите временски услови сега беа принудени да го сторат тоа. Се штеди нафта, транспортот е от

Ангел Димитров, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, за „Утрински“ И компаниите што не мислеле да ги спојуваат празниците, поради лошите временски услови сега беа принудени да го сторат тоа. Се штеди нафта, транспортот е от

Ангел Димитров, претседателот  на Организацијата на работодавачи на Македонија, за „Утрински“ И компаниите што не мислеле да ги спојуваат празниците, поради лошите временски услови сега беа принудени да го сторат тоа. Се штеди нафта, транспортот е от
декември 28, 2021

Студот кој од стартот на годинава буквално ја „закова“ земјава во мраз, со непроодни патишта и отежнато движење, дополнително му наштетува на домашниот бизнис, велат најголем дел од стопанствениците со кои вчера комунициравме. Временските услови само се надоврзаа на проблемите кои на компаниите им ги создава политичката криза, која онака како што сега стојат работите, нема да се разреши барем во овој и во следниот месец.

Дел од бизнисмените завчера го имаа првиот работен ден од оваа година, како резултат на спојувањето на новогодишните и божикните празници. Некои, пак, и натаму не го стартувале работниот процес за годинава. Сите предвидуваат дека јануари нема да донесе позитивен раст на индустриското производство, делумно поради студот и неработењето, или отежнатиот превоз заради временските услови, а делумно поради застојот и неизвесноста од политичката криза.

Инаку, овој тежок јануари следува откако минатата година донесе два негативни месеци во индустриското производство, барем според она што последно го измери Државниот завод за статистика. Односно, откако во октомври лани индустриското производство се намали за 3,6 отсто, нов пад од 4,9 проценти беше регистриран и во ноември. За декември се’ уште нема податоци, но со оглед на тоа како работеа компаниите, од бројките што ќе се објават за тој месец, не се очекува да донесат позитивни изненадувања. За јануари од годинава, пак, се предвидува дека ќе биде уште полош на економски план.

Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавци, за „Утрински“ вели дека невремето што ја зафати земјава најверојатно ќе има одредено влијание врз намалување на индустриското производство.

„Дури и компаниите што не мислеле да ги спојуваат празниците, поради лошите временски услови сега беа принудени да ги спојат, со што веќе се изгубени три до четири работни дена, а некои дури и подолго нема да работат, што ќе има влијание врз обемот на производството. Дел од компаниите не работат за да заштедат нафта, а дел и поради небезбедност на патиштата, како и поради принципите на безбедност при работа. Очекувам дека тоа ќе влијае врз пад на индустриското производство во јануари во однос на истиот месец минатата година“, вели Димитров.

Според овој бизнисмен, дополнително поради политичката ситуација во земјава, во јануари не можеме да очекуваме светла перспектива на економски план.

„Да се надеваме дека од февруари ќе се стабилизира и временската состојба во земјава, а ќе се намали и неизвесноста во политичката ситуација, што би требало да се случи. Очекувам дека во февруари ќе се изнајде решение. Најлошото сценарио што би можело да се случи, според мене, е да се случат некој вид на граѓански немири или непослушност. Сметам дека како и да се реши состојбата, кој и да ја формира владата, другата опција треба да има разбирање и да не се создаваат немири. Дури и да дојде до организирање нови предвремени парламентарни избори, тоа нема да биде страшно, но најбитно е да се задржи мирот и спокојството во земјата, односно безбедноста. Тоа се најбитни услови за работа на бизнисот“, вели Димитров.

Горан Антевски, директор на „Раде Кончар – ТЕП“, вели дека неговата компанија завчера го имаше првиот работен ден од оваа година, па затоа и не можеше поконкретно да објасни како временските услови се одразуваат конкретно на работењето.

„Секако дека ќе има потешкотии при транспортот на материјалите поради ладното време, а стопирани се и изведувачките работи на објектите и на проектите поради лошите временски услови“, вели Антевски.

За политичката ситуација, пак, објаснува дека поради кризата, бизнисот веќе неколку месеци наназад тапка во место.

„Нашата компанија не работи со државата и не се соочува со такви проблеми поради политичката криза. Но, фирмите кои се наши купувачи и кои работат со државата веќе имаат проблеми и сега помалку нарачуваат производи“, објаснува Антевски.

За тоа како ќе се одвиваат работите во наредниот период, тој вели дека во земјава не може ништо да се предвиди. А, нагласува дека заложбите на бизнисмените се добро познати, што значи што побргу да се формира влада, и на тој начин да се овозможи континуирано и непречено работење на стопанството.

Инаку, на домашната индустрија најдобро и’ одеше во првиот квартал минатата година, односно во јануари, февруари и март, кога беа реализирани месечни плусови од 8 отсто, 15,2 проценти и 8,9 отсто соодветно, по што следуваа послаби резултати, односно 3,6 отсто пораст во април и 5,3 проценти во мај. Јуни го донесе првото намалување, со пад на индустријата од 4,4 отсто, а потоа пак следуваа три месеци на закрепнување, односно јули, август и септември, со зголемувања од по 5,1 отсто, 5,2 и 4,6 отсто. Но, октомври и ноември донесоа два месеци по ред пад на индустриското производство. Гледано кумулативно, за 11 месеци од минатата година, индустриското производство има просечен раст од 3,4 отсто во однос на истиот период претходната година.

Нина Нинеска-Фиданоска

2. Преземено од Утрински весник-Мирче Јовановски
Информација корисна за Работодавачите

Основачот на Форумот, Клаус Шваб, во своето обраќање пред почетокот на овој престижен собир на водечките луѓе од бизнисот и политиката во светот, издвојува пет приоритети за лидерите во претстојната година.

„Вистинско лидерство во комплексен, несигурен и вознемирувачки свет бара лидерите да се движат со помош и на радарски систем и на компас. Тие мора да бидат внимателни кон сигналите кои постојано пристигнуваат од променливиот пејзаж, и треба да бидат подготвени да ги направат потребните приспособувања; но тие никогаш не смеат да отстапат од нивната вистинска насока – силна визија која се базира на автентични вредности“, вели Шваб додавајќи дека токму затоа фокусот на годинашниов форум е отворено и одговорно раководство.

Притоа на лидерите во владите, во бизнисот и во граѓанското општество тој им посочува пет клучни предизвици кои, според него, ќе го преокупираат нивното внимание.

Како прво, тој ја издвојува четвртата индустриска револуција, која беше една од темите и минатата година. Станува збор за предизвиците кои што ги носат новите технологии, кои редефинираат цели индустрии, а се поврзани со достигнувања во вештачката интелигенција, роботиката, интернет на нештата, автономните автомобили, 3Д- печатење, нанотехнологијата, биотехнологијата, и квантните компјутери.

Шваб вели дека овие технологии почнаа да го покажуваат својот целосен потенцијал и дека годинава се’ повеќе научната фантастика ќе станува реалност.

„Но, додека четвртата индустриска револуција може да ни помогне да се решат некои од нашите најголемите проблеми, тоа, исто така, го дели општеството на оние кои ги прифаќаат промените и оние кои не ги прифаќаат“, вели Шваб.

Второ, според него, лидерите ќе треба да изградат динамичен, сеопфатен систем за глобално управување со повеќе чинители, а третиот предизвик се однесува на напорите да се обнови глобалниот економски раст. „Трајно намалениот раст се претвора во постојано понизок животен стандард: со 5 отсто годишен раст, ќе бидат потребни само 14 години двојно да се зголеми БДП на земјата; со 3 отсто раст, за тоа ќе бидат потребни 24 години. Ако продолжи стагнацијата, нашите деца и внуци може да живеат полошо отколку нивните претходници“, вели Шваб.

Четвртиот предизвик, според него ќе биде реформирањето на пазарниот капитализам, како и враќањето на компактноста меѓу бизнисот и општеството. И конечно, лидерите ќе треба да се справат со продлабочената криза која влијае во формирањето на идентитетот, како резултат на ерозија на традиционалните норми во изминатите две децении. „Глобализацијата го направи светот помал, но покомплексен, и многу луѓе ја загубија довербата во институциите. Многу луѓе се плашат за својата иднина, и тие се во потрага по заеднички, но различни верувања кои можат да обезбедат чувство на цел и континуитет“, вели Шваб.

Добро би било барем некои од овие пораки да ги имаат предвид и нашите лидери, без оглед дали станува збор за луѓето коишто ќе застанат на чело на идната влада, на министерствата, или пак, се на раководни позиции во некои институции кои решаваат за обични проблеми, како што е на пример снегот.