
декември 28, 2021
Почитувани,
Ве известуваме дека Министерството за труд и социјална политика со поддршка од Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја изработи специјализираната веб-платформа за прегледот на занимања, која ги содржи најважните информации за одредени занимања. Платформата ја води Mинистерството за труд и социјална политика и таа постојно ќе се збогатува и расте со информации за други занимања, согласно утврдена динамика. Организацијата на работодавачите на Македонија е постојан член во комисијата за изготвување на прегледот на занимања.
На следниот линк е веќе активираната страница, на која веќе се наоѓаат првите пилот занимања: www.zanimanja.mk