Унапредување на социјалниот дијалог во секторот трговија во ОРМ

Унапредување на социјалниот дијалог во секторот трговија во ОРМ

Унапредување на социјалниот дијалог во секторот трговија во ОРМ
декември 28, 2021

 

Почитувани работодавачи  од  секторот Трговија при ОРМ  и Претставници од Синдикатот на работниците од  Трговијата на Македонија,

Кога во Европа е нагласена должничката криза  која се рефлектира и врз македонската економија , работодавачите  сметаат дека е потребно да им се помогне на извозно ориентираните компании успешно да го амортизираат ударот на кризата на светскиот пазар.

Во услови на постојан раст на производните трошоци, нерамноправност на домашните и странски инвеститори, зголемени давачки (зголемен данок на имот), пренагласена ориентираност на младите кон високото образование и недостиг на квалификована  работна сила на пазарот на трудот, зголемување на товарот на работодавачите  со последното наметнато зголемување на времетраењето на боледувањето од 21 до 30 дена ,потребно е системско делување преку промена во ЗРО , ОКД и колективните договори на гранка, за создавање на применлива регулатива и создавање на поволна  работна околина.

За таа цел а во рамките на проектот  со Словенија, Зајакнување на социјалниот дијалог во секторите трговија на мало , прехрамбената индустрија и земјоделскиот сектор, Организацијата на работодавачи Ве кани на работилница на 18 април 2012, во 11 часот во просториите на стопанската комора, сала бр.4 на 5 кат, заеднички да ја утврдиме состојбата на социјалниот дијалог на бипартитно ниво и да се обидеме да ја унапредиме, користејќи го  европското искуство преку алатките на партнерот од Словенија  ЗДС Здружението на работодавачи на Словенија.