Почитувани работодавачи,
По повод денешниот ден, 28-ми Април, Светскиот ден на безбедност и здравје приработа, би сакал да Ви се обратам во мое лично име, и во името наОрганизацијата на Работодавачи на Македонија. Како што сме сите запознаени,кризата предизвикана од страна на вирусот КОВИД-19 креираше голем број напрепреки во секојдневното работење, во рамките на нашите работни организации. Еден од најголемите предизвици беше и сеуште е: Зачувувањето на здравјето нанашите почитувани и ценети вработени! Веруваме дека со успешното спроведување насите мерки, прописи и препораки, предочени од страна на Владата, но и на нашите внатрешни документи за справување со вирусот КОВИД-19, уште еднаш докажавме дека Безбедноста и здравјето при работа е еден од врвните приоритети на Нас,Работодавачите.
Во следниот период сигурно ќе престојат и други предизвици, поврзани собезбедноста и здравјето при работа. Уверени сме дека со заедничка работа,споделување на информации и совети и сл., не постојат препреки или предизвици коиние заеднички, и секако во соработка со нашите социјални партнери- синдикатите,не би можеле да ги надминеме.
Како дополнување на ова обраќање, во прилог на оваа објава ви ги доставуваме и следниве документи:
– Листа за проверка за спроведувањето на практични меркиза ублажување на ширењето на пандемијата на КОВИД-19 на работното место. Оваалиста за проверка може да ви послужи за само-евалуација во рамките на вашатаработна организација.
– Заедничкото соопштение од Меѓународната организација натрудот (MOT) и Светската здравствена организација (СЗО) по повод Светскиот денза безбедност и здравје при работа, 28 април, со предлог-мерки за осигурувањебезбедни и здрави работни места во услови на пандемија од КОВИД-19.
– Извештај на МОТ во однос на ризиците по безбедноста издравјето при работа и соодветните мерки што треба да се преземат на работнитеместа (на англиски јазик).
Со почит,
Ангел Димитров
Претседател
Организација на Работодавачи на Македонија – ОРМ