28 април Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, настан под мотото „Иднината е наша – нека биде безбедна“

април 30, 2025
📅 На 28 април, по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, се одржа настан под мотото „Иднината е наша – нека биде безбедна“, во организација на:
👉 Здружение за заштита при работа на Општина Битола
👉 Здружение за безбедност при работа „28ми Април“
👉 Здружение на инженери за заштита „Тутела“
🔹 На настанот беа реализирани повеќе активности за подигнување на свеста за важноста од безбедни и здрави работни места.
🎤 Од име на Организацијата на работодавачи на Македонија, свое обраќање имаше Даниела Китанова од ЕВН, претставник на ОРМ во Советот за БЗР.
🏆 Во рамки на настанот беа доделени и награди на учесници во два јавни повици:
1️⃣ Повик за избор на најдобар правен субјект за 2024 година, кој вложува во развој и имплементација на добри практики за БЗР
2️⃣ Повик за избор на најдобар расказ или песна на тема „БЗР од мали нозе“
💡 Безбедноста на работните места е заедничка одговорност – вложувајќи денес, градиме посигурна иднина!