
јуни 18, 2025
Македонската трипартитна делегација, составена од претставници на работодавачите, синдикатите и владата, зеде активно учество на 113-тата Меѓународна конференција на трудот, која се одржува во Женева, Швајцарија, во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ).
ОРМ ја претставуваше Билјана Талевска, член на Управниот одбор на ОРМ и претставник од компанијата ЗАПОВИМ.

Бесар Дурмиши, министер за економија и труд;
Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ);
Бурим Билали, в.д. амбасадор на Република Северна Македонија во Женева;
Маја Папатолевска, помошник-раководител во Секторот за политики од областа на трудовото право и политики за вработување.


