декември 28, 2021
Почитувани,
Претставник на Организацијата на работодавачи на Македонија – ОРМ беше дел од македонската делегација, предводена од министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Мила Царовска, која присуствуваше на редовната седница на конференцијата на МОТ во Женева. Оваа година, главна тема на конференцијата беше “Градење на иднината со пристојна работа”. Учесници на конференцијата беа повеќе од 4000 претставници од министерствата, синдикатите, организации на работодавачи и други поврзани субјекти, од целиот свет.
Дополнителни информации поврзани со конференцијата можете да најдете на следниов линк: http://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-carovska-se-obrati-na-107-ta-konferencija-na-megjunarodnata-organizacija-na-trudot-vo-zeneva.nspx