Претседателот на ОРМ Ангел Димитров, истакна дека како најголема и единствена репрезентативна организација на работодавачи во земјава ОРМ ќе продолжи посветено и енергично да ги промовира и застапува интересите на своите членки во општеството, особено преку социјалниот дијалог со Владата и синдикатите. – Организацијата останува отворена за соработка со институциите, синдикатите, академската заедница и граѓанското општество во изнаоѓање ефикасни решенија и креирање развојни политики кои ќе овозможат раст на бизнисот и домашната економија, нови работни места и перспектива за младите, како и социјална сигурност за сите граѓани, рече Димитров. Во Организацијата на работодавачи на Македонија членуваат над 1.000 компании од 15 сектори со повеќе од 70.000 вработени. ОРМ е единствената репрезентативна организација на работодавачи од приватниот сектор која, заедно со Владата и синдикатите, го сочинува Економско-социјалниот совет, како трипартитно тело за социјално договарање и креирање политики. Мисијата на ОРМ се остварува преку креирање и предлагање мерки, политики и активности во интерс на работодавачите во областите на образованието, инфраструктурата, општествената одговорност, безбедноста и здравјето при работа, трудовата и социјална легислатива, оданочувањето, инвестициите, кредитирањето и казнената политика.
декември 28, 2021