Влијание на енергетската криза врз компаниите на отворениот пазар на енергија и постапките за отпочнување на сопствено производство на струја
Во услови на големи и растечки предизвици за компаниите, Организацијата на Работодавачи на Македонија (ОРМ), со поддршка на Меѓународната Организација на Трудот (МОТ) спроведе анкета на компаниите за да се оценат ефектите од енергетската криза.Оваа анализа овозможи подобро да се разбере ситуацијата на македонските компании, просторот за маневар и нивната чувствителност на ценовните шокови. Анкетата собра и информации за искуството на компаниите кои инвестирале во обновливи извори на енергија (главно, фотоволтаици)
Извештајот се состои од 7 дела. По воведот, во вториот дел е прикажана анализа на макроекономските трендови, односно окружувањето во кое функционираат компаниите. Третиот дел го анализира пазарот на електрична енергија во Северна Македонија. Потоа, во четвртиот дел се презентираат резултати од анкетата во однос на ефектите од енергетската криза врз компаниите, а во петтиот дел, наодите за инвестициите во сопствено производство на електрична енергија од обновливи извори. Шестиот дел содржи компаративна анализа на владини мерки поврзани со енергетската криза во земјите на Југоисточна Европа. Додека, во седмиот дел се наведуваат заклучни согледувања и препораки за носителите на политиките.
Линк за Анализата:
+ Влијание на енергетската криза врз компаниите на отворениот пазар на енергија MK