![Учество на Претседателката Владанка Трајкоска на панел дискусија за трендовите и развој на пазарот на трудот со студентите на Југоисточна Европа](https://orm.org.mk/wp-content/uploads/2024/04/img_7746-870x360.jpg)
април 16, 2024
Денес во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт” Скоје и Универзитетот Југоисточна Европа Тетово имавме продна дискусија за трендовите и развој на пазарот на трудот пред студентите на Универзитетот .
По водедните обраќања на Програмскиот менаџер на ФЕС Валон Саидики, Ректор, Акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и Директорот на ФЕС за Северна Македонија Д-р Петер Хурелбринк, свое излагање имаа и Директорот на фондот за иновации, Директорот за Северозападна комора, Директорот на АВРМ, Раководителот на Кариерниот центар на ЈИЕ и Претседетелката на ОРМ Владанка Трајкоска.
Претседателката Трајковска во своето излагање говореше за потребата од знаења и вештини кои се стекнуваат во формалното образование нагласувaјќи ја потребата и од стекнување знаења и вештини и преку неформалното образование, волонтерството и практиканството кое на младите ќе им го олесни преминот на пазар на труд. Таа ја отвори и дилемата зошто на младите сеуште најпосакувана работна средина е вработувањето во државна/јавна администрација, стимулирајќи ги студентите својата иднина да ја гледаат во претприемништвото, во реалниот сектор, каде се создава вистинстата додадена вредност, да продуцираат иновативност. Трајкоска говореше и за значењето на меките и тврдите вештини, кои ја имаат моќта за развој на кариерата на секој вработен.
На студентите им порача да излезете од комфорната зона, да истражувааат, да бидат посветени, да работете со страст и ентузијазам за да ја изградите својата иднина.
.
![](https://orm.org.mk/wp-content/uploads/2024/04/img_7741-300x200.jpg)
![](https://orm.org.mk/wp-content/uploads/2024/04/img_7722-300x200.jpg)
![](https://orm.org.mk/wp-content/uploads/2024/04/img_7741-300x200.jpg)