Денес, 14.11.2923 се одржа тринаесетиот пленарен состанок на Секторската работна група во областите образование, вработување и социјална политика. Состанокот беше организиран од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Министерството за образование и наука (МОН), во координација со Секретаријатот за европски прашања (СЕП)/ Национален ИПА координатор (НИПАК ).
На состанокот на кои се презентираа стратешките приоритети од секторските политики во областите образование, вработување и социјална политика, во насока на европската интеграција со среднорочна перспектива и планови за надминување на предизвиците , присуствуваше Извршниот директор на ОРМ, Светлана Ристовска Антиќ. Таа ја истакна вклученоста на ОРМ како репрезентативен партнер во подготовката на законите, стратегиите и акциските планови кои се носат пред се од страна на МТСП, но нагласи дека социјалниот дијалог со надлежните двете Министерства треба да се продлабочи.

