
На 18 октомври имавме чест да учествуваме на регионалниот состанок на Меѓународната организација на работодавачи (IOE) за Европа и Централна Азија, со посебна обука за земјите од Јадранот и Западен Балкан, на покана на специјалниот советник Pierre Vincensini.
Обуката, водена од Paolo Salvai од International Training Center of the ILO, беше посветена на темите за преговарање, раст и развој на организациите.
Нашиот претставник, Марија Шеќероска, ја претстави организацијата и нашите активности пред останатите членки, со осврт на моменталните случувања и тековни преговори во областа на економско-социјалното партнерство. Од обуката се врати со нови знаења и алатки за успешно преговарање. Со посебни впечатоци и ентузијазам, ги пренесе своите препораки за унапредување на организацискиот раст, како и согледувањата за развивањето на Економско-социјалниот совет – со цел создавање на подобри услови за дијалог и партнерство.
ОРМ останува посветен да биде активен и одговорен партнер во економско-социјалниот дијалог и да придонесе кон здрава, креативна и продуктивна работна атмосфера, каде работодавачите и работниците заеднички чекорат кон една цел: поголем раст и развој.