
декември 14, 2023
Како претставник на Организација на работодавачи на Македонија, како панелист во Охрид на тема: “Како до повеќе зелени и праведни работни места? Што опфаќаат концептите на зелена, праведна и енергетска транзиција?”говореше Ненад Шундовски од ДТУГ Јохана Инзенеринг. Панелот е дел од проектот за вмрежување на локалните економско социјални совети, организиран и поддржан од МКЦ Битола и шведскиот институт “Олаф Палме” и на истиот учествуваат претставници на сите формирани ЛЕСС-ови од страна на ОРМ.
