По повод Европската недела на безбедност и здравје при работа, денес во организација Министерството за труд и социјална политика и Советот за безбедност и здравје при работа, со подршка на Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје, во Хотел Александар Палас се одржа настан за одбележување на оваа недела иподигнувањето на свеста за улогата и значењето на заштитата на здравјето и безбедноста на работните места.
На настанот свое обраќање имаше Претседателката на ОРМ која истакна дека унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа е високо во агендата на Организацијата на работодавачи на Македонија. Таа го изрази задоволството дека денес во салата се присутни и компании членки на ОРМ кои треба да се пример за други компании за нивните заложби и нивните вложувања да се земат како добари практики за имнлементација на безбедност и здравје при работата.
Дел од нејзиното обраќање: Имплементацијата и примената на Законот за безбедност и здравје при работа е еден од најбитните сегменти во социјалниот дијалог и во реализацијата на заштита на работниците. Инволвирањето на секој поединец и превземањето обврска за подобрување на безбедноста и здравјето при работа, значи градење организациона култура, која е неопходна за постигнување на целите за безбедност и здравје при работа.
Како претставник од ОРМ можам да истакнам дека Работодавачите се залагаат за ефикасна имплементација на ЗБЗР , но сепак податоците говорат дека бројот на несреќи при работа во континуитет постојано се зголемува.
Затоа како организација на работодавачи ќе продолжиме да се залагаме :
– да се зголеми улогата и влијанието на стручните лица во компаниите,
– укажуваме на потребата од ослободување од некои обврски за микро и мали компании, за самата имплементација потребни се ресурси, а кај нив епроблемот е што немаат човечки капацитети за воведување на целосен систем за БЗР
– Вклучување на прашањата за безбедност и здравје при работа во процесот на социјален дијалог на ниво на компанија и колективно договарање
– Давање на поголеми права и обврски на Националниот совет за БЗР во следењето и имплементацијата на ЗБЗР. Според неговата структура и стручност ова тело заслужува поголемо внимание и неговите препораки мораат да се земаат со големо внимание.
На настанот покрај претставниците на Европска делегација и Фондацијата „Фридрих Еберт“, свое обраќање имаа и Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Националниот координатор на МОТ Емил Крстановски.