Дводневна работна средба на Извршниот одбор во рамки на проектот “ProSDinWater” во Скопје

Дводневна работна средба на Извршниот одбор во рамки на проектот “ProSDinWater” во Скопје

Дводневна работна средба на Извршниот одбор во рамки на проектот “ProSDinWater” во Скопје
јули 7, 2025
Се одржува дводневна работна средба на Извршниот одбор во рамки на проектот “ProSDinWater” во Скопје. На настанот присуствуваат партнери од синдикални и работодавачки организации од сите земји вклучени во проектот – Бугарија, Малта, Северна Македонија и дистанцирано – Италија.
Со поздравен говор на настанот се обратија Јоанис Партениотис, Светлана Ристовска Антиќ – извршен директор на Организацијата на работодавачи на Македонија, и Стојанче Кашиковски – претседател на СУТКОЗ, при што ја нагласија важноста на солидарноста меѓу партнерите и значењето на социјалниот дијалог.
Настанот продолжи со презентација на досега постигнатите резултати и претставување на идните чекори пред партнерите, меѓу кои и главната активност – потпишување на заеднички меморандум за соработка меѓу земјите.

Промовирање и зајакнување на социјалниот дијалог во секторот за води преку иновативни пристапи