СРЕДБА НА ОРМ СО ДИРЕКТОРКАТА НА МОТ ЗА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА

СРЕДБА НА ОРМ СО ДИРЕКТОРКАТА НА МОТ ЗА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА

СРЕДБА НА ОРМ СО ДИРЕКТОРКАТА НА МОТ ЗА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА
октомври 30, 2026
Светлана Ристовска Антиќ, извршен директор на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), и Тамара Панчевски, правен советник во Извршната канцеларија на ОРМ, остварија средба со Клер Харасти, директорка на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за Централна и Источна Европа.
На средбата беа разгледани прашања поврзани со спроведувањето на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, предизвиците во унапредувањето на социјалниот дијалог, како и приоритетните теми на ОРМ предвидени во Годишната програма за работа на Економско-социјалниот совет (ЕСС).
Посебен акцент беше ставен на недостигот на работна сила, поврзувањето на образованието со потребите на пазарот на трудот и можностите за унапредување на соработката меѓу социјалните партнери.
Исто така, се разговараше за идната соработка меѓу ОРМ и МОТ, како и за континуираната поддршка од МОТ во јакнењето на капацитетите на ОРМ и унапредувањето на социјалниот дијалог во земјата.