Министерската конференција на тема: “Labor migration- Supporting economic growth in the Western Balkans”.

Министерската конференција на тема: “Labor migration- Supporting economic growth in the Western Balkans”.

Министерската конференција на тема: “Labor migration- Supporting economic growth in the Western Balkans”.
мај 16, 2025
Во периодот 15-16-ти мај, ОРМ преку својот претставник, Ненад Шундовски, учествуваше на Министерската конференција која се одржа во Будва, Црна Гора, на тема: “Labor migration- Supporting economic growth in the Western Balkans”.
На конференцијата, високи претставници од: Европската Комисија, Министри за труд, Меѓународна организација на трудот, Меѓународната организација за миграција при ООН, Светска Банка, работодавачи и синдикати од Западен Балкан, дебатираа на теми поврзани со потребите, можностите и условите за ангажирање на работна сила од странство во нашиот регион, како поддршка на економскиот раст.
Претставникот на ОРМ ја искористи приликата да го реафирмира ставот на организацијата по однос на увозот на работна сила од земјите како Непал, Бангладеш, Индија, Филипини итн, односно, потенцираше дека особено ја поддржува миграцијата на висококвалификувана работна сила во Македонија, а по однос на занимањата за кои не се потребни посебни видови на квалификуваност и образование, а има недостаток, прво е потребно да се преземат мерки и активности од страна на владеачките структури во регионот:
– Да се активира на пазарот за труд т.н ‘’рурална жена”:
– Да се активираат припадниците на ромската националност, преку овозможување на еднакви услови за пристап до образование, обуки, квалификација и доквалификација;
– Да се прочистат списоците на корисници на социјална помош кои редовно се пријавуваат како невработени во центрите за вработување, а не аплицираат на огласите за работа;
– Да се искористат расположливите капацитети за преквалификација на работната сила (имајќи ја и предвид и зелената и праведна транзиција која претстои) и
– Да се унапредува системот за дуално образование и младите да се мотивираат за професионална реализација во својата матична земја.
Во рамки на конференцијата, Шундовски реализираше одделни билатерални средби во насока на воспоставување на форми за идна соработка и тоа со: Алида Врачиќ- Visiting Fellow of European Council on Foreign Relations, Гордон Пурвис од “European Training Foundation”; Иван Барбалиќ, Директор на Агенцијата за вработување и труд на БиХ; Владимир Гозденович- Претседател на конфедерација на самостојни синдикати на Нови Сад и Претседавач на Локалниот економско социјален совет на Нови Сад.
Важно е да се напомене дека на конференцијата е договорена посета на претставници на Локалните економско социјални совети од Македонија, на Економско социјалниот совет на Владата на Р. Србија и на Локалниот економско социјален совет на Нови Сад, како најуспешен и најактивен ЛЕСС во Србија, со одржани преку 170 седници во последните 3 години.
Носители на оваа заедничка активност за пренесување на позитивни искуства од Србија и унапредување на социјалниот дијалог во Македонија, ќе бидат Организациите на работодавачи на Македонија и на Србија.