декември 11, 2024
На 06.12.2024 година се одржа втората седница на Економско – социјалниот совет, со единствена точка на дневен ред- Разгледување на Предлог Буџетот на РСМ за 2025 година.
На седницата од ОРМ како членови на Економско – социјалниот совет присуствуваа Владанка Трајкоска – Претседателка на ОРМ, Ангел Димитров – Претседател на Собрание на ОРМ, Весна Бодановска – Потпретседател за економски прашања и бизнис опкружување и Љупчо Фармакоски – Потпретседател за регулатива, колективно преговарање и социјален дијалог.
На седницата од страна на Министерката за финансии – Гордана Димитриеска-Кочоска беше презентиран предлог Буџетот за 2025 година.
Ова е еден позитивен исчекор во работењето на новиот состав на Владата, бидејќи по нашето долгогодишно инсистирање за разгледување на Буџетот на седница на ЕСС, ова е првпат истиот да биде ставен на дискусија и разгледување.
Под точка разно, а врз основа на спроведените анализи и барања од членките на ОРМ, Претседателката на ОРМ Владанка Трајкоска ја покрена и образложи потребата за работно ангажирање на пензионери и ангажирање на студенти како едни од можните решенија за намалување на недостигот на работна сила, за кои до надлежните институции ќе биде доставена писмена иницијатива. Исто така, побара минималната потрошувачка кошничка да се подготвува од страна на Државниот завод за статистика – ДЗС , како што е пракса и во другите земји и истата да биде презентирана од страна на ДЗС на некоја наредна седница на Економско – социјалниот совет.
На седницата учествуваа и Претседателот на Владата – Христијан Мицкоски, Министерот за економија и труд – Бесар Дурмиши, Министерката за финансии – Гордана Димитриеска-Кочоска, заменикот Министер за економија и труд – Марјан Ристевски и заменикот Министер за социјална политика дрмографија и млади – Ѓоко Велковски, претставниците од Сојузот на синдикати на Македонија и претставници од нерепрезентативните синдикати и организации на работодавачи.
