април 26, 2024
Во организација на МТСП и Меѓународната организација на труд со конференција на тема: „Климатските промени и безбедноста и здравјето при работа„ се одбележа 28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа.
На конференцијата, во првиот дел на настанот воведни обраќања покрај министерот Велковски, имаа Слободан Трендафилов, Претседател на ССМ, Националниот координатор на МОТ, Емил Крстановски и Светлана Ристовска Антиќ, Извршен директор на ОРМ.
Ристовска истакна дека освен сериозното влијание врз животната средина и луѓето, климатските промени се една од најголемите закани за економската стабилност. Топлотните бранови нè прават помалку способни за работа и ја намалуваат продуктивноста . Затоа е потребно е да се приспособиме на промените и неопходно е да се преземат посебни мерки за препознавање и спречување на професионалните болести и повреди кои се последица на климатските промени. Во совоето обраќање истакна и дека ние како држава можеме да се пофалиме дека сме предводници во регионот кога станува збор за регулатива за заштита на работниците на отворено. Донесени се низа регулативи и правилници за безбедност и здравје при работа, кои конкретно се однесуваат на различни аспекти на влијанието на климатските промени. Но треба да продолжиме со масовни кампањи за подигање на свеста, как иобукиза работниците и работодавачите со цел имплементирање на донесената регулатива .


