Денес во Клуб на пратеници во рамките на проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации ” се одржа средба на работната група за ревидирање и обновување на Извештајот за поврзување на Македонската рамка за квалификации со Европската рамка на квалификации и само-потврдување со рамката на квалификации на Европскиот простор за високото образование.
Претставницит на ОРМ во работната група се Ангел Димитров и Светлана Ристовска – Антиќ.
Организацијата на работодавачи на Македонија свој активен допринос имаше и во подготвувањето на првиот Извештај за поврзување на Македонската рамка за квалификации со Европската рамка на квалификации и само-потврдување со рамката на квалификации на Европскиот
простор за високото образование- 2016 година.


