декември 28, 2021
Почитувани,
Во прилог на оваа објава се наоѓаат процедури, предложени од нашата членка Макам-Транс, кои беа прифатени од страна на надлежните органи. Овие процедури ќе бидат дистрибуирани до сите превозници како прилог на дозвола која ја издава Министерство за здравство- државен санитарен и здравствен инспекторат. Оваа постапка е утврдена со сите релевантни фактори со цел возачите да бидат иземени од обврската да одат во само изолација и да можат, со намален обем, сепак да го вршат меѓународниот превоз на стока.
Со почит,
Тимот на ОРМ
