Активно учество на работодавачите во проектот за помош за подготовка на Стратегија за образованието 2016-2020 во Македонија

Активно учество на работодавачите во проектот за помош за подготовка на Стратегија за образованието 2016-2020 во Македонија

Активно учество на работодавачите во проектот за помош за подготовка на Стратегија за образованието 2016-2020 во Македонија
декември 28, 2021

На  дводневната работилница во рамките на ЕУ Проектот „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образованието 2016-2020.”интересите на работодавачите ги претстави во своето обраќање претседателот на ОРМ г.дин Ангел Димитров кој истакна дека

-Согласно Извештајот за глобална конкурентност на Светскиот економски форум и композитниот  индекс заснован врз дванаесет столбови кои се значајни елементи на конкурентноста на една економија,се гради моделот  на кој се базира развојот на економиите. Нашиот развој од самостојноста до денес е сличен на нашето оро: два чекори напред еден назад. Од 1993 до 2015 просечен раст на БДП од 2%.
Секој од овие столбови(Институции,Инфраструктура,Макроекономија,Здравство и основно образование,Високо образование и обука,Ефикасност на пазар на добра,Ефикасност на пазар на работна сила,Ефикасност на финансиски пазар,Технолошка подготвеност,Големина на пазар,Деловна софистицираност, Иновации е  со различна важност за различни земји зависно од нивото на економски развој. Врз таа основа, моделот на кој базира ИГК ги групира економиите во три различни фази на развој:
-фаза во која економиите се водени од традиционалните фактори на производство (до 2.000 УСД)
– фаза во која економиите се водени од ефикасноста (3.000 до 9.000 УСД)
(Во оваа фаза конкурентноста се зголемува со образование и обука, ефикасен пазар на добра, добро функционирачки пазар на работна сила, софистицирани финансиски пазари, можност да се пласира производството на голем домашен или странски пазар, и можноста да се користат придобивките на најновата технологија.)
 и
– фаза во која економиите се водени од иновациите –над 17.000 УСД-многу пари за истражување и развој.

Стратегијата за образование 2016-2020 е навистина сеопфатна, но сепак ке биде потребно многу работа за да се надминат сите предизвици и подобри вкупната состојба.
Организацијата на работодавачи на Македонија посветува особено внимание на соработката со образовните институции и смета дека соработката помеѓу работодавачите и образовните институции мора да се зголеми. Сметаме дека соработката помеѓу факултетите и бизнис заедница треба да биде постојана и пред изготвувањето на програмите кои треба да се усвојат.
ОРМ исто така учествуваше во изготвувањето на:
– Националната рамка на квалификации-добра основа на која и понатаму треба да се работи,
-Стратегијата за претприемничко учење,
-Изготвувањето на наставните програми за стручно обтразование.
Но консултациите со работодавачите не треба да се прават само ако се работи на некој проект со странски консултанти.
Силни и трајни партнерства помеѓу образованието, науката и бизнисот.
Досега се регистрирани вкупно 52 компании-провајдери за обуки на невработени кои издаваат цертификати признаени од државата.
Добри практики- ЕВН 5 годишно искуство во обука за млади од електро техниката и општествените науки
Работодавачите не се доволно заинтересирани за практична обука на учениците-треба да се стимулираат и работодавачите и менторите.
Потребно е создавање на заедничка база на Центарот за стручно образование со менторите во претпријатијата.
Работодавачите се тие кои креираат и отвараат нови работни места, а образованието треба  да едуцира кадри кои ке работат на тие работни места.
Во моментов постои голем расчекор помеѓу потребите на стопанството и понудата на работната сила. Студентите немаат скоро никакви практични вештини.
Политиката „сите на факултет“ не даде резултати. Критериумите за упис на факултет мора да се подигнат на повисоко ниво.
Падна квалитетот и на средното и на високото образование.Не е проблемот само кај наставните програми туку на политиката дека секој треба да заврши.
Стручното образование не привлекува доволен број на ученици.
Во моментов во АВРМ чекаат работа 13.146 со ВСС 890 магистри и 31 Доктор на наука.
Потребна е професионална ориентација уште во Основното образование и промоција на Средното стручно образобвание.
Мора да се воспостави добар систем на прогноза на вештини-предвидувања за професии што ќе се бараат на среден и долг рок за да се креираат политики за образование и обука кои ке одговорат на потербите на стопанството.
Неформалното образование и Образование на возрасни за мала држава како сто е Македонија е исто така многу важно.

Министерот Лутфиу  посака успешна работа  со надеж дека ќе се разработуваат добри практики за градење на партнерства од нашта земја и од земјите на Европската унија.
Во своето обраќање министерот Лутфиу истакна дека Македонија е во прилика да изгради систем каде резултатите од учењето што младите луѓе и возрасните ги стекнуваат во текот на нивниот живот, во неформалната и информалната средина ќе бидат препознани, валидирани и сертифицирани.
Истакна дека секторскиот пристап на работа овозможува ефективност на политиките за зголемување на вработеноста и дека само со економија базирана на знаење и добра острученост на младите и возрасните ќе влијаеме кон намалување на невработеноста.Новата организациска поставеност ќе овозможи обезбедување на солидно и ефективно финансиско раководење и алокација на ресурси за имплементација на образовните политики но и следење на новата Сеопфатан стратегија за образование. Верувам дека бизнис заедницата, синдикатите, образовните институции партнерите во последниве неколку години своите интереси ги препознаваат во идниот систем за Препознавање на неформалното и информалното учење.

На работилницата учествуваат претставници на ЕУ, претставници од општините, училишта, универзитети, социјалните партнери, образовни институции, донатори и организации qytetare.Истотака вклучени во овој проект се и сите државни институции.