

Здружението на работодавачи од финансиската дејност и дејностите од осигурувањето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Синдикатот на работниците од финансиските организации на Македонија склучија Колективен договор за независните регулаторни тела. Колективниот договор го потпишаа Ангел Димитров Претседател на ОРМ, Николина Миланова Претседател на Здружението на работодавачи од финансиската дејност и дејностите од осигурување и Светлана Петровиќ Претседател на СФОМ.
На потпишувањето присуствуваа Г-дин Климе Попоски Претседател на советот од Агенцијата за супервизија на осигурување и Г-дин Булент Дервиши Претседател на советот на експерти од Агенцијата за супервизија на капитално финасиско пензиско осигурување, претставници од Комисијата за харии од вредност и Агенцијата за супервизија на пошти.
Договорот е уште една потврда за довербата помеѓу социјалните партнери и уште една норма на секторско ниво која ќе придонесе за дорегулирање и унапредување на правата и обврските од работен однос.
