ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР
јануари 17, 2024

Организацијата на работодавачи на Македонија– ОРМ  е единствена репрезентативна Организација на работодавачи од приватниот сектор, членка на Економско социјалниот совет на Владата на РСМ, која претставува над 15 сектори, во кои се вработени скоро 58 512 вработени во 2704 претпријатија од приватниот сектор во Република Македонија. Организацијата ги застапува интересите на работодавачите воопшто и посебно во социјалното партнерство,  се грижи за развој и остварување на правата и слободите на работодавачите, колективно договарање, склучување и спроведување на Општиот колективен договор за приватниот сектор за стопанство во РСМ и Колективни договори на ниво на дејности.

Доколку сакаш да бидеш дел од Тимот на ОРМ и очекуваш да имаш Успешна Работна Кариера и си амбициозен/а, посветен/а и тимски играч, Аплицирај за Вработување во Извршната Канцеларија на ОРМ за работното место: 

– Проектен координатор

и доставете ни: Мотивационо писмо, CV и Уверение/Диплома за завршено образование на e – mail: rabotodavaci@gmail.com до 31.01.2024.

ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

Опис на  работното место :

Планирање, организација и контрола на изведбата на проектите,координација на активностите со сите вклучени сектори и засегнати страни со цел реализација на проектите во определените временските рокови  и според финасиската спецификација.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование

Компетенции:

  • Високо изразени организациски способности
  • Планирање и анализа на детали кон формирање план за реализација и работа со документација
  • Способност за комуникација со луѓе на различни позиции, изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност, способност за брзо носење одлуки и насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
  • Интензивна комуникација со Проектниот Тим,
  • Давање препораки за подобрување на состојбите во областите на проектното делување
  • Средби со засегнати страни (активен придонес во содржина)
  • Вклучување во консултативни процеси
  • Организирање на обуки (физички и вебинари)
  • Активно учество во теренско прибирање податоци (интервјуа и фокус групи)
  • Напредно ниво за работа со компјутер; – AutoCAD, Microsoft Office се смета за предност
  • Одлично познавање на  англиски јазик;

Работни задачи и одговорности:

  • Координација со Проектниот Тим и со надворешни сроаботници и конслутанти
  • Разработка на проектите, односно изработка на план за реализација на проектот, организација на реализацијата на активностите во временски рокови и надзор на проектот
  • Аплицирање на проекти

За предност ќе се смета:

  • Работно искуство во граѓанскиот сектор и спроведување на проекти од аспект на трудовата област и проекти поврзани со развој на социјалниот дијалог од аспект на трудовата област.
  • Искуство во процеси на застапување на локално и национално ниво за унапредување на прашања поврзани со трудовата сфера
  • Обука за проектен менаџмент
  • Возачка дозвола Б категорија