Одржано годишно Собрание на Организацијата на работодавачи на Македонија

Одржано годишно Собрание на Организацијата на работодавачи на Македонија

Јуни 3, 2022

На 31.05.2022 се одржа годишното Собрание на ОРМ.
Со свое обраќање присуствуваше Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска

Претседателката Владанка Трајкоска истакна дека Министерство за труд и социјална политика е најважниот партнер во социјален дијалог и дека тоа го остваруваме преку Економско социјалниот совет како и работните групи за измени на законите од трудовата свера во кои учествуваат наши стручни претставници со долгогодишно искуство од пракса.

Во своето обраќање се осврна на економската состојба во земјата, и големи предизвици со кои се соочува стопанството изминативе години како пандемијата, енергетската криза, па сега и војната со Украина.
“Голем дел од компаниите прават големи напори да ги одржат компаниите рентабилни и да не отпуштат работници. Исто така еден од главните предизвици ни е да ги задржиме младите како работната сила на подолг период, бидејќи имаме голема миграција во и надвор од државата
ОРМ смета дека за водење бизнис потребни ни се и применливи закони, согласно ЕУ директивите, а соодветни на нашето стопанство . Во моментот се работи на повеќе закони, но би го одвоила ЗРО . За компаниите е битно да имаме закон кој ќе обезбеди поголемата флексибилност на пазарот на трудот, флексибилни форми за вработување кои се “ хит “ во развиените земји.
Еден од поголемите проблеми ќе бидат намалување на траењето договорите за определено работно време.
Ваквата измена многу би ги обесхрабрила работодавачите да отвараат работни места и вработуваат работници, особено затоа што не се сигурни како ќе се развива бизнисот во иднина, а постапката на отказ и натаму останува комплицирана”

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во своето обраќање се осврна на досегашните законски решенија во надлежност на министерството, како и законите чија подготовка е во тек.
Министерката го потенцираше значењето на социјалниот дијалог во едно општество како единствен начин за носење на најсоодветни и најодржливи решенија во согласност со сите релевантни чинители во државата.
Министерката го истакна и значењето на Економско-социјалниот совет кое како трипартитно тело на национално ниво во кое ОРМ учествува како репрезентативна организација. Токму низ Економско-социјалниот совет се дискутирани и произлегоа решенија и мерки кои беа одговор на последиците предизвикани од пандемијата, со цел да се помогне на стопанството, но и на ранливите категории на граѓани.
Таа посочи дека, во иста насока низ дијалог се и подготовката на новите законски решенија, како Законот за работните односи, Законот за спречување на вознемирување на работното место, законските измени во постојниот Закон за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Законот за социјално претприемништво, новите текстови на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
Министерката се заблагодари што ОРМ е секогаш стабилен партнер од доверба, партнер кој ги гледа интересите на целата држава и кој сериозно придонесува за социјален дијалог, онаков каков што треба да биде, основа за креирање на работни места и зачувување на постоечките, за зголемување на продуктивноста, а со тоа и на профитот и платите, економски напредок и обезбедување на социјален мир и праведност.