декември 28, 2021
Членките на ОРМ имаат круцијална улога во работата на организацијата, бидејќи пред сè со нивно директно учество во вистинска смисла на зборот се подготвуваат и конечно се одредуваат ставовите и политиката која ОРМ ја застапува.
Решавањето на проблематиките кои ги застапува ОРМ се одвива преку работни групи кои се составени од стручни лица од фирмите членки во организацијата. На тој начин фирмите здружено преку ОРМ говорат сами за решенија и мерки кои ги допираат нивните дејности. На местата каде работите треба гласно да се кажат, таму говорници на ОРМ се нејзините членки.