Започна имплементацијата на проектот Унапредување на социјалниот дијалог финансиран од ЕУ, а спроведуван од МОТ

декември 28, 2021

Во рамките на проектот Унапредување на социјалниот дијалог финансиран од ЕУ, а спроведуван од МОТ, на 29 и 30.01.2015 се одржа работилница за подготовка на нова Стратегија на Организацијата на работодавачи на Македонија(ОРМ), прв дел од активностите по проектот. Работилницата ја водеа Александар Кржаловски од МЦМС како домашен експерт и Драган Радиќ од МОТ како надворешен експерт. На работилницата учествуваа претставници од  22 компании членови на Организацијата на работодавачи на Македонија.
Првиот ден од работилницата се направи проблемска анализа и анализа на клучните прашања и дилеми во досегашната имплементација на стратегијата на ОРМ, се ревидираа визијата и мисијата се утврдија вредностите, се изанализира надворешната средина исто така  се дефинираа кличните актери и партнери.
Вториот ден се подготви СВОТ анализа и матрицата  на приоритети и се дефинираа идните активности.На тој начин се овозможи успешно да се потврдат целите, активностите и индикаторите на влијание за да се дефинираат потребните мерки и активности за зајакнување на капацитетите на  Организацијата на работодавачи на Македонија.