Втора национална работилница , дел од проектот „Иницирање активности за спроведување на Рамковниот договор за дигитализација на европските социјални партнери (ЕФАД)“ ,16.01.2024 година.

февруари 16, 2024

На втората работилница беше презентиран проектот ЕФАД а воедно беа претставени главните цели на проектот како и досегашните активности. Во рамките на оваа национална работилница беше презентиран и објаснет пред учесниците и Европскиот рамковен договор за дигитализација (ЕФАД).  Во рамките на оваа втора национална работилница беа презентирани и претходно направените 6 студии на случај вклучувајќи ги информациите за компаниите, претходниот начин на работа што го имаат како и каков е нивниот нов начин на работа по дигитализацијата во истите. Исто така, учесниците дискутираа по однос на презентираниот општ заклучок од студиите на случај.

Воедно, се разви и опширна дискусија за дигитализацијата и дигиталната трансформација во Македонија, како во јавниот сектор така и во приватниот, потоа правото на исклучување и дали е тоа регулирано во правната рамка на Македонија како и различните модалитети на работа (telework, hybrid work, work from home,

Настанот беше прилика за претставување на Националниот акционен план за дигитализација, изработен врз основа на шестте студии на случај и заклучоците од првата национална работилница во септември 2023 година. Оваа стратегија се фокусира на три области: Информирање за Рамковниот договор на европските социјални партнери (EFAD), Правото на исклучување (R2D) и Дигитализацијата на работата и комуникацијата на социјалните партнери.

Организацијата на работодавачи на Македонија е придружна организација на Проект 101051759 Иницирање активности за имплементирање на Рамковниот договор на европските социјални партнери за дигитализација кофинансиран од  Европската Унија.