Во Радовиш основан нов Локален економско-социјалeн совет

Во Радовиш основан нов Локален економско-социјалeн совет

декември 28, 2021

На 19 јули се потпиша спогодбата за основање ЛЕСС Радовиш со што се официјализира отпочнувањето со работа на локалнииот Економско-социјален совет (ЛЕСС) кој ќе помогне да се унатреди развојот на социјалениот дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласувањето на нивните различни ставови и интереси на локално ниво. Потписници на Спогодбата се градоначалникот на Општина Радовиш г. Сашко Николов ,претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, г. Ангел Димитров, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, г. Живко Митревски, и претставникот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, г. Зоран Андовски.
Во локалнииот Економско-социјален совет (ЛЕСС) членуваат претставници на општинската администрација, работодавачите и синдикатите и ќе има консултативно-советодавна функција, којшто се основа со цел воспоставување, поттикнување и развој на социјален дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво. ЛЕСС ќе разгледува прашања и ќе дава мислења, предлози и препораки до градоначалникот и Советот на Општината за одредени прашања од економско-социјалната сфера, како што се локална економска политика на општината, политики за вработување, политики за цени и плати, безбедност и здравје при работа, образование и сл. Во советите ќе партиципираат и претставници од Центарот за вработување на општините, средните училишта, како и од невладините организации и здруженија на граѓани. Основањето на локалниот Економско-социјален совет во Струга и Кичево е во рамките на проектот Унапредување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија (ЕУ), а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ).