Важно: Известување за работа во време на ограничување на движењето

Важно: Известување за работа во време на ограничување на движењето

Важно: Известување за работа во време на ограничување на движењето
декември 28, 2021

 

Почитувани,

 

Во форма на интегрален текст во рамките на оваа објава, можете да најдете известување од Владата заедно со пропратна документација, кое се однесува на дозволите за работа за време на ограничување на движењето.

 

Со почит,

Извршна канцеларија на ОРМ

 

Интегрален текст:

Во прилог Ви доставуваме известување за работа во време на полициски час со прилог Образец – Дозвола за движење на вработен за време на полициски час, согласно најновите измени во одлуките на Владата за воведување на полициски час на територија на цела држава во работни денови (понеделник-петок) во период од 16:00 05:00 часот, како и за време на викенд (петок 16:00 часот – понеделник 05:00 часот).

Во прилог и нова форма на образецот за дозволи, кои напоменуваме дека треба да се стават на меморандум на компанијата, заверени од одговорно лице во компанијата. Дополнителна замолница до сите компании од производството и други дејности,кои ќе ги користат дозволите за движење на вработените во време на полициски час  и кои продолжуваат со производство, односно дистрибуција на потребни стоки, строго да ги применуваат сите заштитни протоколи и фито санитарни препораки од страна на државниот санитарен и здравствен инспекторат и државниот инспекторат за труд, во насока на заштита на работниците и превенција од можно ширење на коронавирусот Covid 19.