Успешно спроведена обука за претставници на синдикални организации

Успешно спроведена обука за претставници на синдикални организации

Успешно спроведена обука за претставници на синдикални организации
декември 28, 2021

Почитувани,

Ве известуваме дека обуката за основни принципи на управување со организации и процес за изработка на стратегија за односи со јавност за синдикалните организации, беше успешно спроведена во периодот 17-19 мај, во хотел Аквалина, Охрид.

Дел од темите кои беа обработувани во рамките на обуката се:

– Синдикално организирање; улога на синдикалните претставници во унапредување и зајакнување на синдикалното делување;

– Регрутирање ново членство преку креирање добра стратегија за односи со jавност, начини на комуникација со членство;

– Имплементација на стратегија за односи со јавност;

– Вовед во застапување и лобирање итн.

Дискусија, размена на искуства, зголемувања на познавањата при креирањето политики и процедурите за успешен организациски развој и управување на синдикалните организации се дел од ефектите кои беа постигнати преку учество во оваа обука.

Обуката беше спроведена во рамките на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ”, финансиран од страна на Европската Унија.