Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи

Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи

Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи
декември 28, 2021

 

Почитувани,

 

Би сакале да ве информираме дека согласно новата Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи која беше објавена во Службен весник на Република Северна Македонија (04.04.2020г.) во член 3 е уредено користење на неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година и првиот дел од годишниот одмор од 2020 година.

Согласно Уредбата, за работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, да се искористи до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.

За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.

Дополнително, Министерството за труд и социјална политика информираше дека се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете се до истекот на траење на времените мерки. Со уредба со законска сила на Законот за работни односи што ја донесе Владата, отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19.

Продолжувањето на породилното отсуство ќе се регулира преку Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика укажува дека заштитата на мајчинството е примарно, а грижата за здравјето и безбедноста на мајките и децата нема алтернатива.

 

Во прилог на оваа објава во ја доставуваме и уредбата, која е достапна и на следниов линк: http://www.slvesnik.com.mk/Issues/a514dae1ecc84739acc865d313405519.pdf 

 

 

Со почит,

Тимот на ОРМ