Управен одбор и Собрание на ОРМ

Управен одбор и Собрание на ОРМ

декември 28, 2021

Почитувани,

На 26ти Април 2018 година, со почеток во 11:00, се одржа 48-та седница на Управниот Одбор на Организацијата на работодавачи на Македонија. На седницата беа разгледани и едногласно усвоени извештаите за работата и финансиското управување на ОРМ за 2017 година. Исто така, беше претставена програмата за работа за 2018 година, која беше усвоена од страна на присутните членови на УО на ОРМ. Воедно, за време на седницата на УО беше отворена дискусија за моменталните активности што ги спроведува ОРМ, поврзани со Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за работни односи, Општиот колективен договор за стопанството и споделување на информации за двата ИПА проекти, кои ОРМ како носител и партнер ги спроведува во овој момент.

Со почеток во 12:30 часот беше одржана 16та Седница а Собранието на ОРМ, каде што едногласно беше усвоен извештајот од претходно одржаната седница на управниот одбор на ОРМ.