Тркалезна маса

01.02.2011

Тркалезна маса  на иницијатива “Пензискиот систем во Република Македонија и воведување повеќе услови за пензионирање“

На тркалезната маса, Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати побараа воведување на  старосна пензија по работен стаж без оглед на возраста, старосна пензија по возраст или работен стаж по дејности, предвремена по возраст и неполна старосна пензија.Тие предлагаат да може да се оди во пензија со 35 години работен стаж за жени односно 40 години мажи без оглед на возраста, опции за пензионирање за различни дејности согласно нивната специфика, можност за одење во пензија без исполнета старосна граница доколку поради одредни проблеми или причини и  не може да продолжи да работи, како и можност за доплата на стаж за најмногу три години заради исполнување на условот за пензионирање.

Во интерес на развој на социјалниот дијалог и спроведување на реформите во ПИО, Организацијата на работодавачи на Македонија како единствен репрезентативен социјален партнер на седницата на  ЕСС и институционално ќе  ја поддржи иницијативата.