Тркалезна маса за социјалниот дијалог и модернизација на пазарот на трудот

Тркалезна маса за социјалниот дијалог и модернизација на пазарот на трудот

Тркалезна маса за  социјалниот дијалог и модернизација на пазарот на трудот
декември 28, 2021

 

Директорот на АВРМ Влатко Поповски ги запозна присутните за модернизацијата на АВРМ – Сервисот помеѓу невработените и работодавачите, т.е. за електронско поврзување помеѓу АВРМ и фондовите и трудовиот инспекторат, со што се овозможува брза и ефикасна услуга од сервисот. На тркалезната маса се зборуваше и за положбата на сезонските работниици, при што беше нагласено дека тие треба да ги имаат истите права како и другите вработени.Новиот онлјан сервис ќе ја олесни евиденцијата на сезонските работници.

Претседателот на ССМ Живко Митревски истакна дека во време на светска економска криза синдикатите и работодавачите треба да креираат автономна сфера на преговори, со која ќе излегуваат со готови решенија и заеднички политики во работното законодавство пред Владата.

На тркалезната маса завршниот збор го имаше Влатко Ѓорѓиевски, претседател за Здружението за земјоделие и трговија при ОРМ, на тема социјалниот дијалог во секторите земјоделие и трговија кој исто така изнесе став дека е потребна блиска соработка меѓу Синдикатот и работодавачите за усогласување на сите прашања.Во услови на дефицит на храна на светсксиот пазар , се отвораат можности за македонското земјоделие кое има потенцијал за производство на храна , не само за сопствени потреби туку и за извоз, со зголемено субвенционирање и поттикнување на сточарството и преработката на земјоделските производи.