Во своето обраќање, заменик министерот за труд стави акцент на континуираната заедничката соработка со социјалните партнери која што резултира со подобар бипартитен социјален дијалог, но и со поттикнување на трипартитниот социјален дијалог на локално ниво.
“Воспоставувањето на ефикасен и функционален социјален дијалог може да функционира доколку има изградени капацитети кај сите партнери . Од овие причини во рамките на своите можности, Владата на Република Македонија во изминатиот период во континуитет презема активности за подобрување на капацитетите преку тековно вклучување во подготовка, имплементација и следење на политики, стратешки документи и имплементација на проекти”, информираше заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими.
(преземено од страната на МТСП)
