Трипартитна средба за опоравување од кризата во земјите од западен Балкан

Трипартитна средба за опоравување од кризата во земјите од западен Балкан

Трипартитна средба  за опоравување од  кризата  во земјите од западен Балкан
декември 28, 2021

Октомври 29, 2011

На 12 и 13 Октомври во Сплит,се одржа трипартитна завршна конференција, поддржана од Меѓународната организација за труд,повикувајќи се на Агендата за пристојна работа на МОТ во рамките на Глобалниот пакт за вработување –Милениумската декларација на Обединетите нации и Декларацијата од Филаделфија за Меѓународните стандарди за трудот,кои  се однесуваат на  промоција на вработувањето.

Делегациите од Хрватска,Србија и Македонија, користејќи го искуството од Словенија, Полска, и Претставниците од ММФ и ИБРД  утврдија Заклучоци  на Трипартитната Средба со мото Раст и вработување и  од криза до опоравување преку Намалување на јазот помеѓу производството и опоравување на работните места на национално ниво.

А) Макроекономските политики кои поддржуваат силно економско опоравување за работните места и давање на приоритети на целите на вработување.

Б) Промовирањето на средина која се стреми кон одржлив развој на претпријатијата е клучно за креирањето на работни места.

В) Намалувањето на неформалната економија  би придонело за позитивни исходи за владите, работодавачите и работниците и би придонело за економски и социјален      развој.

Г) Во консултација со социјалните партнери треба да се превземе Преоценување на постоечката даночна структура  придружено со проекција за незините ефекти на        долг рок со цел да се идентификуваат параметри кои имаат влијание врз производството и растот на вработувањето.

Д) Инвестирањето во развојот на човечките ресурси е инструментот за поврзување на јазот помеѓу понудата и побарувачката на знаење и вештини.

Ѓ) Прописите за пазарот на трудот и програмите за олеснување на транзицијата на младите луѓе од образование кон пристојно и продуктивно вработување.