Tрипартитна работилница за “ЕЕЅЕ”

Tрипартитна работилница за “ЕЕЅЕ”

Tрипартитна работилница за “ЕЕЅЕ”
декември 28, 2021

Почитувани,

 

На 17-ти Април 2019 година, во хотел Солун во Скопје, се оддржа трипартитна работилница за ЕЕЅЕ. Целта на трипартитната работилница беше да се претстави концептот за “ЕЕЅЕ”, да се презентира компаративната анализа за периодот 2013/4-2019 година, и да се утврдат приоритетите за новото истражување на тема поволна бизнис-клима за одржливи претпријатија (ЕЕЅЕ).Истражувањето, како и промовирањето на иницијативите за реформа и следењето на нивното спроведување ќе биде под надлежност на Економско-социјалниот совет-ЕСС.

Меѓу останатите говорници, свое обраќање на работилницата имаше претседателот на ОРМ, г-дин Ангел Димитров, кој се осврна на работата на ЕСС и социјалниот дијалог како можне важен процес и алатка. Исто така, тимот на ОРМ предводен од претседателот Димитров даде свои директни предлози за подобрување на бизнис-климата за одржливи претпријатија.

 

Тимот на ОРМ