![]() |
![]() |
Организацијата на работодавачи на Македонија – ОРМ во соработка со Регионалната развојна агенција од Сенец-Пезинок, Словачка во следните две години ќе реализира проект со основна цел создавање реформски алатки за да се намали невработеноста на Македонија преку соработката на работодавачите и јавниот сектор. Специфични цели на проектот се водење на регионална анализа на пазарот на трудот за вистинските потреби на работодавачите во врска со квалификувана работна сила, зајакнување на улогата и позицијата на ОРМ и другите релевантни институции кои се оперативни во доменот на вработувањето, елаборација на Стратегија за менаџмент на ОРМ и директно користење на европските реформските алатки во пракса преку словачкото искуство. За достигнување на поставените цели и проблемите кои ќе се обидеме да помогнеме да се надминат како на пример невработеноста, мошне е важно да се создадат услови за соработка и вклучување на претставниците од јавните институции на централно, локално и регионално ниво бидејќи на крајот придонесуваме во заложбата да направиме услови за поголем раст и напредок, односно намалување на сиромаштијата во нашата земја.
Почетната конференција на проектот на која се поканети сите заинтересирани страни ќе се случи на 7 – ми декември од 10 до 12 часот во хотел Турист Бест Вестерн во Скопје.