декември 28, 2021
Почитувани,
Во рамките на спроведување на активности предвидени со Акцискиот план за имплементација на стратегијата за Безбедност и заштита при работа (БЗР), беше составена работна група со претставници од членките на ОРМ. Во таа насока, беше организиран состанок на работната група, на кој беше креиран прашалник во однос на спроведувањето на одредбите од Законот за БЗР. Прашалникот ќе биде доставен до сите членки на ОРМ, со цел креирање на анализа за досегашната пракса при спроведувањето на одредбите од ЗБЗР.
Во следниот период ќе бидат имплементирани и други активности, во согласност со планот за работа на ОРМ.