
Почитувани,
Претставниците на ОРМ моментално присуствуваат на семинарот за градење на капацитети на тема “Промовирање и зајакнување на социјалниот дијалог”, 4 и 5 октомври 2018 година, во Подгорица, Црна Гора. Семинарот ги обединува претставниците на социјалните партнери од Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија, како претставници на социјалните партнери од други европски земји.
Дводневниот семинар се занимава со следните области:
– Состојба на европскиот социјален дијалог: презентација на европските социјални партнери;
– Состојба на националните социјални дијалози, примери од Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија;
– Ажурирање на три-партитни и бипаритни социјални дијалози; актерите, претставниците и колективното договарање на национално ниво;
– Односите помеѓу европските и националните нивоа во земјите кандидати за членство;
– Друго.