Почитувани,
На 24-ти декември 2019 година, со почеток во 12 часот, беше одржана 51-та седница на Управниот одбор на Организацијата на Работодавачи на Македонија. На седницата, во својство на гостин беше поканета г-ѓа Билјана Јовановска, директорката на АВРСМ. Г-ѓа Билјана Јовановска, пред присутните членови-работодавачи на УО на ОРМ, ги презентираше активнит мерки за вработување и другит еможности и новини, кои АВРСМ ги нуди во моментот. Членовите на УО на ОРМ, исто така, имаа можност да поставуваат прашања до претставникот на АВРСМ и да дадат свои забелешки и препораки за подобрување на ефиканоста на работата на АВРСМ, со цел подобро задоволување на потребите на работодавачите.
Во вториот дел на седницата, Претседателот на ОРМ, г-дин Ангел Димитров, ги информираше членовите на УО на ОРМ за тоа во која фаза е процедурата за донесување на новиот закон за работни односи.
Со почит,
Тимот на ОРМ