Ревидирање и обновување на Извештајот за поврзување на Македонската рамка за квалификации со Европската рамка на квалификации

Ревидирање и обновување на Извештајот за поврзување на Македонската рамка за квалификации со Европската рамка на квалификации

ноември 9, 2023

Денес во Клуб на пратеници во рамките на проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации ” се одржа средба на работната група за ревидирање и обновување на Извештајот за поврзување на Македонската рамка за квалификации со Европската рамка на квалификации и само-потврдување со рамката на квалификации на Европскиот простор за високото образование.

Претставницит на ОРМ во работната група се Ангел Димитров и Светлана Ристовска – Антиќ.

Организацијата на работодавачи на Македонија свој активен допринос имаше и во подготвувањето на првиот Извештај за поврзување на Македонската рамка за квалификации со Европската рамка на квалификации и само-потврдување со рамката на квалификации на Европскиот

простор за високото образование- 2016 година.